Other languages

My poems in Macedonian

My poems in Macedonian

НЕБО И ЛАСТОВИЦИ

Фатаморгана во сината степа
како небесен град.
Моите предци засекогаш се во рајот
И само ластовиците висејќи над осамената степа
ме пречекуваат во татковата земја.
Густа сина магла го прекрива небото
Ластовиците осамени го покажуваат патот
со разиграните крилја.

ЛАСТОВИЦИТЕ

Враќајќи се од далеку, ластовиците во јато
Ги прегрнуваат сказните на питомата, мирна степа
Водите на вечноста беа пролеани во жолтите степски палми
И оттогаш овие мали птици решија да не заминат.

Еднаш, пред многу години, јавајќи со татко ми
Ластовици разлетуваа над осамените ридови.
Враќајќи се од далечното време
Тие можеби с¢ уште го бараат нивниот еликсир.

Тогаш не ја разбирав приказната на татко ми
Видов како минува ластовица, иако
таа ја пронајде водата на вечноста
тагував дека не можеше да се напие.

Татко ми го споделуваше шлагот од приказните
за вечноста и за пророштвата. И еднаш
јас ветив, пред тоа да го сторат ластовиците
дека ќе ги пронајдам и ќе му ги понудам
водите на вечноста.

Во овој мал свет ветувањата не секогаш се исполнуваат
Татко ми замина, неговиот син не ги пронајде
водите на вечноста.
Ластовиците кружат над главата
Загледани во изворот на овие вечни води.

На мојот син кој ќе ме наследи
Ќе му ја раскажам приказната за ластовиците.
Но, животот не е вечен, тој ќе протече
Ќе ја остави приказната на ластовиците на моите деца.

Приказната е завршена. Водите на вечноста
с¢ уште не се пронајдени.
Но, конечно, тие ќе бидат откриени.
И тоа што ќе го откријат водите на вечноста
ве молам поделете го со моите ластовици
следејќи ја нивната веселост над степата.

МЕСЕЧИНА НАД СТАРИОТ ХРАМ

Месечината изгрева над стариот храм
Нејзината преобразена светлина ја позлатува нежноста.
Се разлева воздухот од бамбусовата флаута
Срцето е исполнето со далечна носталгија.

Диви треви растат меѓу камењата
Вдолж патот каде што се собрани Будите.
Но не можам да видам каде отишле тие
Светлината е толку силна од времето изминато.

Месечината изгрева над стариот храм
Нужната преобразена светлина свети во секое срце.
Бамбусовата флаута ме носи зад мојата тага
Ја повикува далечната светлина на Буда.

Сенката на храмот го покажува своето значење
Како зборови избледени во старо мастило.
Врз сенката од човечката тага
Нема светлина од свеќата на разумот.
Осветлената визија на Буда
Дури и во честичките на најситната прашина.

Постои небо во мелодијата на бамбусовата флаута
И месечината изгрева над стариот храм.

ПЕСНА НА МЕСЕЧИНАТА

Ги натопив во моето мастило
зраците од сребрената месечина.
И блесна нивната сила во светлечката слика
на вечноста.

Ги распослав зраците на говорливата месечина
На врвовите од мојата визија
И ја порабив мојата детска песна
Со прекрасен свилен конец.

Удрив со кристалот на воспалената месечина
врз моето тврдокорно срце
И во темнината од мојата поезија
Почнаа да извираат зраци од жад.

Ја поставив мојата милозна песна
Пред огледалото на мудрата месечина
И мојата песна со својата осветлена душа
Се насели во светлината на Шамбхала.

КОГА ТАЖНИОТ КОЊ
СЕ БОРИ ПРОТИВ СВОЈАТА ЗЕМЈА


Зимските дни, со насланети треви, венеат
Од пердувестите перници гледаме кон источните неба.
Фатаморганата трча низ рамнината,
коњот трча низ фатаморганата.

Во полињата, кратките перчиња трева изгледаат згмечени
На ова место на горки ноќи без месечина
добитокот талка вон вообичаената патека
а лисјето од брестовите сонуваат.

Натоварени да ги поминат трите запуштени премини
Тие велат дека движењето далеку носи неволји.
Ја поминавме цела ноќ сонувајќи
Додека влагата навлегуваше низ прозорците.

Како годините поминати во навикнување на бучен град
Тоа е како да сум сосема сам во дружина со седуммина.
Тоа е како нашата група среќни И инспирирани поети.

Само во топлиот здив на раната пролет
која доаѓа низ прозорците
Како разнобојни возбудливи грмушки
ние се оддалечуваме од мајката.
Древната болка се враќа во оваа драга татковина.

Исправени во животот на градот и на земјата
Тие пловат со своите бродови за да го доловат светот
Но не успеваат да допрат до племето меѓу осамените ридови.

Кога тие дојдоа, шумно спуштајќи се овде
Во кучешките мрежи кои ја покриваат нашата палата.
Ние полетавме нагоре, немавме можност да заминеме.

Јадните номади камшикувани од гробната земја.
Тркалата од двојанката се движат надолу, низ пролетта.
Тие се обземени од празнување, заробени во своите палати
како осамени коњи.

Кога тажниот коњ се бори против својата родна земја
Кога темната фатаморгана бега кон рамнината
Тогаш, дури и детската слобода е оневозможена.

Препев: Трајан ПЕТРОВСКИ
TOP